Помрачување на Месечината: Несекојдневна глетка или остварување на пророштво?

Според најавите на астрономите, целосното помрачување на Месечината ќе се случи на 15 април во раните утрински часови, а најјасно ќе може да се види од Северна Америка. Токму оваа случка ќе означи почеток на тетрада, ретка појава на четри лунарни еклипси, од кои вториот дел ќе се забележи во октомври, а останатите два идната година. Помрачувањето на Месечината е последица од паѓањето на земјината сенка врз Месечината.



- Полната месечина прво ќе делува малку потемно од вообичаено, но луѓето набрзо ќе забележат уште потемна сенка која ќе се движи преку Месечината, а ќе има црвенкасто смеѓа нијанса на боја, изјави астрономот Џералд Мекиган од Вселенскиот научен центар, Chabot.

„Крвавата Месечина“, според објаснувањето на астономите, својата црвена боја ја добива благодарение на рефракција на сончевите зраци низ Земјината атмосфера.

- Ефектот е ист како и кога гледате како Сонцето прима црвенкасто-портокалнова боја за време на неговото заоѓање, само што во овој случај рефракцијата од Сонцето се пресликува на Месечината, објаснува Џералд.

Исто така, при оваа појава, Марс ќе биде јасно видлив како црвена ѕвезда покрај Месечината. Црвениот Марс и крвавата Месечина ќе бидат една прекрасна глетка и навистина е штета што ние нема да може во живо да ја гледаме!



И додека тие заедно со Американците нестрпливо чекаат, некои луѓе се сериозно загрижени. Имено, во книгата „Четири крвави Месечини“ авторот, Џон Хејџ, најавува огромни промени кои ќе следуваат веднаш по овие случувања, а исто така спомнува и дека оваа лунарна појава ќе исполни едно библиско пророштво!

Според пророштвото од Библијата „пред да дојде важниот ден за Господ, Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв“.

Останатите три еклипси ќе се случат на 8 октомври оваа година, потоа на 8 април и 28 септември 2015 година. Астрономите велат дека помеѓу 2001 и 2100 година ќе се случат вкупно 8 лунарни тетради.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...