Сончевата опсерваторија на НАСА забележа нешто необично при набљудувањето на Сонцето. Еден дел од Сонцето недостигал, поради што научниците се загрижиле и мислеле дека Месечината го јаде Сонцето. Но, кога навлегле подлабоко, сфатиле дека всушност Месечината при нејзиното преминување, го попречила само тој дел од Сонцето.
Сончевата опсерваторија го набљудува Сонцето од 2009 година, која кружи околу Земјата, но на снимките Земјата воопшто не се ни гледа. Затоа Месечината може многу почесто да се види на снимките од опсерваторијата. Околу два пати годишно, Месечината кружи околу Земјата и се сместува токму пред Сонцето, создавајќи лунарно преминување.
Како што може да се види од ова преминување, едно делче од Месечината е многу јасно дефинирано и прикажува дека Сонцето нема атмосфера.