Google преку Chrome ве води до вселената каде ќе можете да го видите вселенскиот брод ISEE-3, Earth Explorer 3, кој е лансиран во 1978 година за истражување на Сонцето.
Сега овој вселенски брод се враќа назад, а неговиот пат ќе може да го следи секој кој ќе посака.
- Преку „A Spacecraft for All“ ќе можете да го гледате вселенскиот брод користејќи Google интерактивна WebGL графика и видео записи, а воедно да ја доживеете неговата приказна и заедно да ја истражувате вселената. На располагање ќе ви бидат достапни многу интересни информации, стои во соопштението од Google.
Враќањето на ISEE-3 на Земјата следите го во живо на овој веб-портал. Целиот настан ќе биде документиран и секој ќе може да се придружи.