Мистериозните предмети на Марс се знаци на живот?

Неодамна пронајдените докази за вода укажуваат на тоа дека некогаш можеби постоел живот на Марс, а овие фотографии го потврдуваат токму тоа. Или пак можеби не?

Но, секако тоа не ги спречи луѓето да пребаруваат предмети кои личат на лица, коски и животни низ фотографиите од роверите на НАСА. Психолозите сметаат дека човечкиот мозок е создаден да бара модели, значења па дури и ликови на сликите – феномен кој се нарекува пареидолија.

Лице на Марс



Вселенскиот брод „The Viking 1“ го фотографираше ова лице во 1976 година. Оттогаш се појавува во разни филмски сцени и телевизиски програми. Но, кога „Mars Global Surveyor“ прелета над Марс за повторно да го фотографира местото во 1998 година, таму имаше само една обично високо плато.

Игуана



Роверот на НАСА „Curiosity“ ја фотографираше оваа форма во јануари 2013 година. Карпата навистина потсетува на игуана, бидејќи има своја опашка, гуша, па дури и око. Но, ова е само една обична карпа.

Прст



Повторно, доказот од „Curiosity“ во 2012 година, изгледа како еден човечки прст и тоа со нокот! Но, тоа е само камен!

Жена



Кога роверот „Spirit“ ја фотографираше оваа слика на која има форма од жена во 2007 година, ентузијастите се надеваа дека можеби токму тоа е знак за живот на Марс. Но, за жал – ова пак е карпа.

Стаорец



Во март 2013 година, беше фотографиран стаорец, за кој подоцна се отвори и профил на Twitter. Сепак и во овој случај станува збор за камен.

Бутна коска



Минатиот месец, ентузијастите тврдеа дека нашле бутна коска на една фотографија од Марс. Луѓе, и ова е камен.

Череп



Оваа слика е фотографирана во 2006 година и е навистина морничава. Се работи за повеќе камења со оваа форма.

Шлем



Блогерите го пронајдоа овој шлем, зумирајќи ги фотографиите на „Curiosity“ од 2013 година. Потврдено е дека се работи за камен.

Квака од врата



Овој мистериозен предмет со изглед на метал, исто така се појави во фотографиите од 2013 година, кои изгледаат како кваки од врата. Но, според истражувачите на НАСА се работи за камен, кој поради временските услови станал блескав.

Цвет



Овој цвет со сигурност не е биолошки цвет, но планетарниот научник Ајлин Јингст изјави дека не знае точно за каква појава се работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...