Пресметајте ги последиците: Скопје погодено од астероид!?

Овој викенд покрај планетата Земја помина астероид со големина на куќа, кој можеби нè одмина, но делови од него завршија во нашата атмосфера.

Мал метеор падна во близна на главниот град на Никарагва, правејќи кратер со големина од 20 метри. За среќа при ударот нема жртви ниту пак посериозна материјална штета.

Сепак, какви би биле последиците по нашата планета доколку истата еден ден биде погодена од еден или повеќе астероиди?

Интерактивната мапа на The Killer Asteroids проектот дава одговор на овие прашања и пресметува колкава штета може да настане доколку определено подрачје биде погодено од астероид или комета.

Мапата, која користи Google Earth додаток, е проект финансиран од Националната научна фондација на Вашингтон и НАСА. На неа можете да го пресметате ударот во зависност од местото и големината на кометата или астероидот.

Скопје при удар од мала комета со големина од 109 метри со брзина од 50 km/s

Па, така доколку изберете мала комета со големина од 109 метри и со брзина од 50 км во секунда и ја насочите кон нашиот главен град, Скопје, истата ќе нанесе сериозна штета на целото централно градско подрачје. Ударот од поголеми комети и астероиди ќе биде уште пофатален.

Скопје при удар од астероид со средна големина од 329 метри

 

Скопје при удар од масивен астероид со големина од околу 2000 метри и брзина од 12 km/s

За среќа во реалноста поголемиот дел од овие небесни тела, согоруваат во атмосферата или пак ја одминуваат Земјината орбита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...