Нови важни совети за откривање на живот!

Сакате да пронајдете вонземски живот? НАСА има неколку совети за вас со кои би сакале да ви помогнат, пренесува Washington Post.



Вселенска агенција објави нови совети за пронаоѓање на живот надвор од нашата планета на вистински начин со цел да се избегнат погрешни заклучоци и неосновани „откритија“.

Истражувачите од виртуелната планетарна лабораторија при Институтот за астробиологија на НАСА, спроведоа илјадници симулации на различни атмосфери и типови на ѕвезди за време на последните 4 години по што дојдоа до неколку нови препораки кои се објавени во научниот магазин Astrophysical Journal. Дали присуството на кислород значи дека некогаш постоел живот во некој момент на оддалечените планети? Дали истото важи и за озонот? НАСА има одговор на ова, но и други важни прашања. Ова се некои од новите работи кои ги откри НАСА:

Одбегнувајте ги „осамените волци“!

Добрата вест е дека и покрај големите напори за да се избегнат лажните надежи, истражувачите откриле неколку работи на кои треба да обрнеме внимание – кислород, озон и метан. Најдобро е да ги барате овие молекули заедно.

- Нашето истражување само ги зголемува аргументите дека метанот и кислородот заедно, или метанот и озонот заедно, и понатаму претставуваат силни аргументи за постоење на живот. Навистина се трудевме да ги најдеме лажните аргменти за живот и пронајдовме неколку, но само доколку овие молекули се поединечни, изјави Шон Голдман од Годард вселенскиот центар на НАСА.

Користете го тестот „пица во студентски дом“!

Гледајте ја врската помеѓу метан и кислерод како на врска помеѓу пица и студент на колеџ. Метанот не би можел да издржи долго во соба полна со кислород, баш како што не би очекувале дека пица ќе преживее во соба полна со гладни студенти.

Кислородот во поедини реакции го консумира метанот, така да и ако двата молекули се присутни, тоа е веројатно затоа што некој облик на живот и понатаму ги исфрла, т.е. го создава метанот.

Размислете за ѕвездите

Ѕвездите прично се подценети, но сепак НАСА потсетува дека важно е нив да ги сфаќаме сериозно. Хемиските реакции кои можат да го создадат или уништат кислородот, озонот и метанот без присуство на живот се поттикнати од светлото кое доаѓа од ѕвездите.

Масивните, жешки ѕвезди со чести екплозии создаваат повеќе ултравиолетово светлина. Доколку постои повеќе ултравиолетова светлина која ја погодува атмосферата, толку овие фотохемиски реакции ќе бидат поефикасни.

Светлината од различни бранови должини може да влијае на создавањето и уништувањето на кислородот и озонот на различни начини.

Можеби ќе ни треба подобар алат

Сето ова е добро, но поедини научници сметаат дека ни требаат попрецизни инструменти од оние кои во моментов се користат, тврди Голдман.

Како би потврдиле дека живите суштества произведуваат метан или кислород мораме да ја прошириме брановата должина со која истражуваме со цел да ги вклучиме и податоците во врска со апсорпција на метан. Знаеме кои мерки нам ни се потребни, следен чекор е сфаќање на тоа што треба да направиме и како тоа да го направиме, заклучува Голдман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...