Дали човекот навистина слетал на Месечината?

Многумина и понатаму веруваат дека славното слетување на Месечината било излажирана телевизиска драма, продуцирана можеби од Стенли Кјубрик.

Оние кои инсистираат дека слетувањето е измама тврдат дека без ефектот на разлевање на светлината која ја создава атмосферата, сенката на модулот на кој Нил слетал би требало да го држи во потполен мрак, пишува „Endgadget“.

Научниците велат дека тоа може да се објасни. Со фактот дека светлината се одбива од секаква површина, па дури и од Месечината, тие одлучиле да покажат дека она што сликата го прикажува е возможно. Но, оваа задача воопшто не била лесна.

Предизвикот не бил во поставување светла околу компјутерски симулирани сцени на слетување, туку во поставувањето на еден и единствен извор на светлина, симулирана од Сонцето и неговата рефлексија на секој материјал на сликата. За да го остварат ова, научниците морале да ја истражат светлината на нашите локални ѕвезди, па дури и рефлексивноста на површината на Месечината.

Се покажало дека околу нас пловат многу информации во врска со астрономските тела, почнувајќи од Сонцето, кое има 128.500  лукса на метар квадратен. Но, Месечината не свети толку и не е ни приближно толку добар рефлектор на светлината. Научниците откриле дека Месечината рефлектира само 12 проценти од светлината и го апсорбира поголемиот дел од Сончевата светлина која стигнува до него.

Од друга страна, 12 проценти од 128.500 лукса и понатаму е многу. Тоа е еднакво на количината од 10 сијалици од 100 вати по квадратен метар – поточно таа светлина која се одбива од Месечината – што е повеќе од доволно да го направи ликот на експериментот осветлен во сенката на модулот.

И додека ова покажува дека Месечината е доволно рефлективна за да го осветли ликот, нешто и понатаму не било како што треба. Научниците забележале дека астронаутот во симулацијата не бил осветлен на ист начин како што бил Армстронг на сликата, но не биле сигурни зошто.

Потоа воочиле дека она што првобитно испуштиле да земат во предвид бил материјалот од кој бил направена надворешноста на астронаутското одело, која била 85% рефлективна. Кога го поставиле каде што треба, ја поставиле рефлексијатта и на оделото и го добиле осветлувањето на Нил Армстронг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...