Вселената ги прави астронаутите неплодни?

Научниците стравуваат дека патувањата во вселената може да влијаат врз плодноста на астронаутите, а ова сознание би можело да ги одложи плановите за понатамошните мисии. Експериментите врз животните покажале дека машките и женските органи подеднакво лошо реагираат на бестежинската состојба. Радијацијата од вселената ги оштетува јајце клетките кај жените и создавањето на сперма кај мажите додека се во вселената.



Иако повеќето астронаути веќе имаат оформена фамилија, НАСА е загрижена и размислува за тоа да понуди замрзнување на јајце клетки и сперма. Американската вселенска агенција моментално проучува парење на група на глувци, за да дознае колку сериозен може да биде овој проблем. Претходните руски студии покажале дека кога во 1979 година машкиот и женскиот глушец биле пратени во вселената, веќе не се пареле. Уште една студија сугерирала дека по престојот на глодарот во вселената, тој веќе не можел да произведува сперма.

Д-р Џозеф Таш, од одделението за молекуларна и интегративна психологија на универзитетот во Канзас, на една неодамна одржана конференција во Хавана кажал дека астронаутите може да ги имаат истите ефекти.

- Немаме човечки податоци за да потврдиме дека она што им се случува на животните им се случува и на луѓето. Сепак влијанието на животните е навистина големо. Животните имале голема желба за парење. Некој астронаут може ќе се врати без никакви промени во однесувањето, а кога ќе посака да има бебе, нема да може. Поради ова мислам дека паметно би било астронаутите да ја сочуваат својата сперма и јајце клетки, за секој случај, изјавил д-р Таш.



Астронаутите пријавуваат низа на здравствени проблеми додека се во вселената, но сите тие се препишуваат на „вселенскиот летачки синдром“. Бестежинската ситуација предизвикува губење на густината на коските, како и забрзано стареење на клетките. Сепак, д-р Таш смета дека многу реакции се јавуваат поради хормонот естроген.

Вселената има интересно влијание врз спермата. Два експерименти покажаа дека сперматозоидите всушност пливаат побрзо во вселената, бидејќи опашката расте побрзо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...