ЕВА: Нашиот Филе заспа!

Почна со тешко слетување, а заврши со твит: Малку сум уморен, дали ги добивте сите мои податоци? Можеби малку ќе дремнам...



Овој твит е напишан во саботата по 57-часа поминати во научни експерименти на површината на кометата 67Р Чурумов-Герасимено, кога мисијата на Филе е завршена. До неговите соларни панели не стигнувало доволно сончева светлина и леталото се подготвило за хибернација, но успеа сите податоци да ги прати до ЕВА.

Меѓу последниот блок на податоци се најде и вчитувањето на инструментот „Козак“, преку кој може да ги откријат молекуларните состојки кои дошле на Земјата и го започнале животот.



- Податоците кои ги собраа Филе и Розета би можеле да го променат сè она што го знаеме за кометите, изјави Мет Тејлор, научник кој стои зад овој проект на Европската вселенска агенција.

Иако сега Филе се наоѓа во длабока хибернација се уште постојат шанси Филе да преживее. Имено, кометата моментално се наоѓа над Марс, но во август 2015 година, ќе биде близу Земјината орбита, што значи дека до неа лесно ќе допира сончева светлина.

- Се надеваме дека во доцните фази на мисијата, можеби кога ќе бидеме близу Сонцето, ќе имаме доволно сончева светлина да го разбудиме лендерот и повторно да воспоставиме комуникација, изјави Штефан Уламек, менаџер за лендерот Филе.



Во меѓувреме, научните тимови започнуваат да ги анализираат податоците кои ги прати Филе. Првите резултати ќе бидат претставени на конференцијата на Американската геофизичка унија во Сан Франциско идниот месец. Мисијата на Розета ќе трае уште 20 месеци, проучувајќи ја кометата и внимавајќи на лендерот, додека не се разбуди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...