НАСА сака да ја надмине мисијата Розета

Милиони години астероидот Бену ја нарушува гравитацијата на планетите попречувајќи ги нивните патишта. Новата анимација под назив „Бенуовото патување“ го следи необичниот живот на астероидот кој би можел да даде одговори на прашањата за нашиот сончев систем.

На снимката е претставена и Osiris Rex, мисијата која ќе започне при крајот на 2016 година. Леталото на НАСА би требало да слета на површината на Бену во 2018 година и да ги врати собраните примероци на Земјата пет години подоцна.

Исто така во мисијата се зборува и за успешната мисија Розета, дело на ЕВА. За разлика од кометата, астероидите содржат метали уште од период на создавањето на сончевиот систем.



- Го ловиме Бену, бидејќи сакаме да знаеме што се се случило во неговото времетраење. На планетите како што е Земјата, оригиналните материјали во голема мерка се изменети поради геолошките активности и хемиските реакции предизвикани од атмосферата и водата. Мислиме дека Бену е останат релативно непроменет, па овој астероид ќе ни послужи како некоја временска капсула која сакаме да ја истражиме, изјави Едвард Бешор од универзитетот во Аризона.

За разлика од сондата Филе, која ја проучува кометата исклучиво само на неа и податоците ќе ги праќа од далечина (ако се разбуди), Osiris Rex ќе донесе материјал назад на Земјата. Така научниците ќе можат да изведат многу повеќе анализи.

Мерењата покажуваат дека густината на овој астероид е помала од просечен камен, па научниците сметаат дека постојат некои пукнатини. Исто така, Бену е многу темен. Како асфалт на сончев ден, тој апсорбира најголем дел од сончевата светлина која до него допира, а потоа ја емитува како топлина. Оваа радијација му дава блага стимулација, позната како Јарковски ефект, кој постепено ја менува орбитата со тек на време.



Анимацијата покажува дека Бену се движи на таков начин се додека неговите патишта не се сретнат со гравитацијата на планетата Сатурн. Интеракцијата со планетите му го расипува материјалот од кој астероидот е направен и му го менува обликот. Бидејќи Бену опасно и се приближува на нашата планета, постои мала шанса (1:2.500) дека ќе удри во нашата планета во 22 век.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...