Натпревар на НАСА со награда од 5 милиони долари

НАСА започна натпревар кој нуди награда од 5 милиони долари – највисоката награда до сега од оваа агенција! Освен ова, победниците ќе добијат и можност да учествуваат во вселенски испитувања и развој на технологијата, како и шанса за пат до месечината преку вселенскиот брод „CubeSat“.



- Овој натпревар на НАСА ќе ги ангажира натпреварувачите да развиваат нови технологии кои ќе може да се искористат во CubeSat и ќе ги демонстрираат нивните способности за вселенско истражување, изјави Мајкл Газарик, раководител во НАСА.

За да ја добијат главната награда, натпреварувачите треба да дизајнираат, изградат и да развијат мали сателити способни за понатамошни операции околу Месечината. Предизвиците и цената на средствата се поделени во три области:

  • Теренски турнир: по 500.000 долари за првите четворица кои ќе успеат да го полетаат првиот лет на сателитот
  • Лунарно дерби: по 1.5 милиони долари за демонстрирање на успешна комуникација и истрајност на CubeSat на оддалеченост од околу 4 милиони километри
  • Дерби длабоко во вселената: 3 милиони долари за демонстрирање на способност да застане сателитот на стабилна лунарна орбита, да се прикаже добра комуникација и истрајност близу Месечината.

Достигнувањата од овој натпревар ќе овозможат напредок и тестирање на системите неопходни за понатамошните идни мисии, а може и да донесат нови идеи за мисии, вклучувајќи и мисии за астероидите околу Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...