Гама зраците ги убиле сите вонземјани

Физичарите пресметале дека ударите на грама зраците предизвикале огромни експлозии во вселената и токму поради тоа сметаат дека го спречиле развојот на живот во 90% од галаксиите. Интензивното зрачење е смртоносно дури и по најиздржливите видови на живот, а може да ги отстранат и најважните гасови од атмосферата.

Ова истражување може да објасни зошто се уште не сме се сретнале со сложени форми на живот на други места во нашата галаксија и зошто потрагата за вонземјаните е потешка отколку што мислат некои луѓе. Научниците кои работеле на ова истражување откриле дека Земјата веројатно била на удар на гама зраците, кои се доволно моќни за да предизвикаат масовно истребување на живи суштества.



Тие пресметале дека постојат 50% шанси еден таков удар да стигнал до Земјата од некоја соседна галаксија уште пред 500 милиони години. Според последните мерења, најголемиот дел од Млечниот пат не е погоден за живот, токму поради тие гама зрачења.

Професорот Цви Пиран, физичар на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, кој го предводел истражувањето со колегите од универзитетот во Барселона, вели дека само на рабовите на Млечниот пат (оддалечени на 32.600 светлосни години од центарот на галаксијата) има некои шанси за постоење живот каков што ние знаеме.

Изливите од гама зрачењето се случуваат еднаш дневно од целосно случајни правци, а ги детектираат телескопи. Може да траат од неколку секунди, до неколку минути. Нивното потекло било мистерија се до пред една деценија, кога станало јасно дека се поврзани со експлозија на супернова. Ако такви удари се случат во близина на Земјата во траење од неколку секунди, радијацијата би била толку силна, што би го „скинала“ тенкиот слој на озонот, кој ја штити нашата планета од ултравиолетово зрачење на Сонцето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...