Иако на фотографиите делува многу светло и јасно, всушност станува збор за маглина во Вселената, тврдат астрономите. Маглина (или небула) e меѓуѕвезден облак од прашина, водороден гас, хелиум и јонизирани гасови.
Некои астрономи велат дека станува збор за „божја рака“. На други им изгледа како отворена уста на вселенско суштество. Во European Southern Observatoryju (ESO), успеаја да го снимат овој облак од прашина и гас и го нарекоа CG4. Тој е оддалечен од Земјата 1300 светлосни години. Но, толку е голем овој облак, па нашиот Соларен систем во однос на CG4 е како џуџе.
Во дијаметар е 1,5 светлосни години, додека неговата „опашка“ е долга осум светлосни години. Астрономите се надеваат дека со проучување на оваа појава наречена CG4 ќе ја решат мистеријата затоа што има облик на комета иако не е тоа.