Запознајте ги луѓето кои се пријавија да умрат на Марс

Илјадници луѓе се натпреваруваат да бидат меѓу првите кои ќе се населат на Марс. Најшокантниот момент од сето тоа е што тие нема да можат да се вратат назад. Никогаш!

Марс Еден (Mars One), интерпланетарниот непрофитен проект, наскоро ќе ги селектира оние кои ќе имаат среќа да станат астронаути, од 700 финалисти. За оваа прва колонизација на Марс, вкупно се пријавиле повеќе од 200.000 луѓе, од сите страни на светот.

Додека се подготвува краток документарец за конкуренцијата, истражувачите позборувале со кандидатите за место во вселенскиот брод на Марс Еден. За нив велат дека научиле неколку работи: кандидатите биле многу интелигентни, исклучително храбри и прилично луди, но во позитивна смисла на зборот.



Факт е дека не може еден просечен, нормален и сосема вообичаен човек да се реши да го изживее својот живот на ненаселена планета, на која нема воздух за дишење, на која го нема семејството, ги нема омилените ТВ серии, омилената храна, каде нема ниту секс. Затоа, со право може да се каже дека пријавените кандидати се „откачени“.

- За нас кои ќе останеме тука на Земјата, тоа ќе биде исто како да умрела таа личност што ќе отпатува. Но, тоа секако не е самоубиство. Баш напротив. Тој ќе оди таму да ја поддржи оваа мисија на Бог. Мисија на човештвото!, вели член од семејството на еден од пријавените. 



Избраните финалисти мора да бидат најдобри во секоја смисла на зборот – најпаметни и физички најподготвени. Тие се примероци од човечкиот вид кои ќе бидат наши амбасадори во Вселената. Астронаутите мора да знаат да управуваат со воздушни возила, да поправаат компјутери, да изведуваат секакви научни експерименти... и сето тоа да го прават на површина без гравитација и во космонаутски костум.

Научниците велат дека со современата технологија, можат да лансираат луѓе на Марс за 9 месеци, а приближно толку време еден астронаут поминува на Интернационалната вселенска станица.



Благодарение на сознанијата добиени од истражувањата на роверите како Curiosity и Opportunity, на научниците им е познато што сè ќе им биде потребно на луѓето да преживеат на Марс кога ќе пристигнат таму – специјални костими за да ги заштитат од масивни песочни бури и смрзнувачки температури, тони од замрзната и дехидрирана храна, соодветни живеалишта кои штитат од радијација, како и голема дупчалка за да продрат под замрзнатата вода под површината на Марс.

Се верува дека најтешката борба на волонтерите кои ќе ја населат оваа планета нема да биде да останат живи, туку да останат при здрав разум. Затоа, првите колонизатори на Марс не треба само да бидат храбри, паметни и физички силни, туку доволно „чудни“ за да можат успешно да се соочат со екстремна изолација, без сето она на кое сме навикнати тука на Земјата, без ништо од нашето секојдневие. Можете ли вие да го замислите животот без кислород, без пржени компирчиња, без љубов, без секс, без прошетки низ паркот...?



Еве како изгледа официјалниот водич за преживување на Марс на волонтерите.

Работи без кои ќе треба да се живее:

  • Секс. Колонизаторите се советуваат да не стапуваат во сексуален однос бидејќи опремата не може да го поддржи доаѓањето на свет на „вселенското“ бебе.
  • Пиво. Извинете, но газираните пијалаци нема да преживеат на нискиот атмосферски притисок кој го има на Марс.
  • Било каква храна која не може да биде дехидрирана и замрзната.
  • Вашите најблиски. Мислите дека комуникацијата преку Skype на Земјата е иритантна? Почекајте да бидете 56 милиони километри оддалечени.

Она што ќе ви биде потребно

  • Љубопитност. Замислувањето на сите училишта и улици кои ќе бидат именувани по вас, сепак може да не ви биде доволна мотивација за да ја издржите мисијата. За да избегнете екстремна осаменост, како идни колинизатори, треба да поседувате вистинска љубопитност и фасцинатнтост за непознатото.
  • Таблет со многу електронски книги. Материјали со секакви инструкции се добредојдени.
  • Здрава самодоверба.
  • Трансглутамин, односно „лепак за месо“, за да ги претворите протеините кои таму се служат во вистинско месо.
  • Виски.
  • Презервативи. Зарем навистина ќе се откажете од секс во Вселената

Преку видеото во продолжение, запознајте се со дел од волонтерите и видете зошто токму тие влегле во потесниот избор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...