Следете го тука во живо најголемото случување на Земјата во моментов

Над Македонија денеска ќе се види делумното помрачување, додека следното вакво делумно помрачување над Европа ќе биде во 2022-та, а за над Македонија следното целосно помрачување ќе мораме да го чекаме до 2081-та. Во секој случај денеска внимавајте на своите очи!

Доколку не сте во можност помрачувањето денеска да го следите во живо, на плоштадот Македонија каде Астрономското Друштво постави телескопи за граѓаните, или пак вие во сама режија со темни очила гледате кон небото, преку ова видео можете целиот настан да го следите во живо:



Поголемиот дел од светот денеска, на првиот пролетен ден, ќе може да проследи како црниот Месечев диск накратко ќе го прекрие Сонцето.

Затемнувањето на Сонцето во Европа ќе биде делумно, а на некои места како Фарските и Свалските острови ќе има целосно помрачување. Во зоната широка околу 500, а долга 5.600 километри, од северниот Атлантик до Северниот пол, Месечината целосно ќе го покрие Сонцето во период од две минути и 45 секунди, а значително затемнување ќе има и во северна Африка и на југозападот од Азија.

Според скопското Астономско друштво, затемнувањето во Скопје ќе почне во 9 часот и 37 минути, максимумот ќе биде во 10:45, а ќе заврши во 11:56 минути. За време на максмумот ќе се гледаат 43,5 проценти од дискот на Сонцето.

Астрономското друштво препорачува затемнувањето да се гледа со специјални очила наменети за тоа или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13. Заинтересираните граѓани затемнувањето ќе може да го проследат и од плоштадот „Македонија“ во Скопје со телескопите на Астрономскоото друштво.

Не е препорачливо овој природен феномен да се фотографира со обични апарати без посебни филтри, бидејќи може да дојде до оштетување на чувствителните делови.


Феноменот кога Месечината се спушта на Сонцето последен пат беше на 4 јануари 2011 година, а следното делумно затемнување што ќе може да се види кај нас се очекува на 21 јуни 2020 година.

Десеттото потполно помрачување на Сонцето во 21. век е најголемо во Европа по она од 1999 година. Според астрономите, следното целосно помрачување на Сонцето во Европа ќе биде на 12 август 2026 година.

Денешното затемнување на Сонцето ќе влијае на електричната мрежа во Европа, особено во Германија заради опаѓањето на производството на струја од соларните извори. Се очекува фотоволтаичните централи да производуваат за четири до шест пати помалку електрична енергија од вообичаеното.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...