Запознајте го човекот кој цела година ќе живее во вселената

Скот Кели ќе тргне на патување преку кое би требало да ги испита промените кои ќе настанат кај човекот. Овој 51-годишен астронаут ќе живее на Меѓународната вселенска станица цела година, со цел да ги тестира сите психолошки и физички предизвици со кои ќе се соочат астронаутите на патот кон Црвената планета.



Скот вели дека сфаќа во колкав ризик се впушта, со оглед на тоа дека до сега не е испитано како влијае долгиот престој во вселената врз човечкото тело и дух, но сепак сака да учествува во оваа студија.

- Ова е една од работите поради која би ризикувал и за која ми е чест да учествувам, изјавил Скот.

За да се измерат сите промени кои се случуваат во неговото тело за време на мисијата, неговиот брат близнак Марк, исто така астронаут, ќе го помине тоа време на Земјата.



- Мораме да откриеме како ќе живеат луѓето во вселената на подолг временски период, особено ако некој сакаме да го пратиме на Марс или на базата на Месечината, додал Марк Кели.

Со оглед на тоа дека патувањето до Марс трае 18 месеци, НАСА се надева дека оваа експедиција јасно ќе покаже дали тоа патување воопшто е можно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...