Астронаутот ја започна својата едногодишна мисија и не поздрави од ВселенатаНасмеаниот астронаут Скот Кели, рече дека се чувствува одлично и дека доаѓањето во Меѓународната вселенска станица му било како враќање во својата куќа. Кели ја започна својата едногодишна мисија на МВС, што е прва мисија од тој вид, а друштво цела година ќе му прави рускиот астронаут Михаил Корниенко.
Целта на овој проект е лекарите и научниците подобро да го разберат влијанието на вселената врз човечкото тело. Кели искрено верува како оваа станица е едно од најголемите научни достигнувања и се надева дека сите претходни,сегашни и идните членови на екипажот ќе доведат до тоа обични луѓе да стигнат на Марс.
|