Откриени фотографии од вонземјани: Дали навистина не сме сами?

По неколку месеци исчекувања во Ново Мексико се претставени „досега никогаш видени“ фотографии на вонземјани од Росвел. Но, ентузијастите остануваат многу внимателни...

Веќе со месеци истражувачкиот тим предводен од некогашниот астронаут на НАСА др. Едгар Митчел најавува разотркивање на спектакуларни фотографии од вонземјани. Сега фотографиите конечно се и покажани.

Имено, на конференцијата одржана во Ново Мексико беа прикажани т.н. „Слајдови од Росвел“ кои релативно неодамна се пронајдени, тврдат истражувачките и додаваат дека истите биле откриени во поткровјето на еден стар брачен пар од Тексас.

Нивен автор е Бернард А.Реј, геолог кој во 40-те години од минатиот век работел во базата Розвел.

Новите фотографии, тврдат тие, прикажуваат труп на вонземјанин кој го изгубил животот кога над Росвел се срушила летачка чинија во 1947-та.

- Науката ги оттргна шпекулациите и заклучи дека ова навистина се веродостојни фотографии од 1947-та. Хуманоидот на фотографиите не е деформиран човек, не е мумија или кукла. Тоа е суштество кое не е родено на Земјата, рече на конференцијата истражувачот Ентони Бараглиа.

Светски познатиот истражувач на НЛО-а, Џејми Маусан тврди дека фотографиите сигурно се веродостојни бидејќи во тоа време не постоела денешната идеја за тоа како изгледаат вонземјаните.

- Поради тоа не постои шанса да се работи за невистина, тврди Маусан за Daily Mail.

Сепак, науката останува скептична покрај се, како и многу НЛО ентузијасти!

Некои пак велат дека е добра реклама за престојниот документарен филм „Kodachrome“ кој се занимава токму со пронаоѓање на вонземјани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...