Нов оклопник во светот на телефоните

Британската компанија Cat Phones, специјализирана за издржливи телефони и заштитни куќишта за Android и iPhone уреди, лансираше нов телефон кој го нарече Cat B30 Rugged Feature Phone, а кој е наменет за сите оние на кои им треба издржлив теренец кој нема да престане со работа и во најсуровите услови.



Треба да се нагласи дека се работи за “глупав“ телефон кој овозможува телефонирање и испраќање на пораки, долго траење на батеријата и работа со две SIM картички, фотографирање на слики со мала резолуција, слушање на FM радио и MP3 песни, 3G поврзаност, но не и користење на напредни апликации.



Секако јасно е дека ваквите “оклопници“ имаат своја специфична публика, и дека не треба да се потценува нивниот удел на пазарот, бидејќи во текот на 2014 година, се продадени околу 650 милиони “глупави“ телефони, а повеќето од нив завршиле во рацете на алпинистите, планинарите, екстремните спортисти и работниците од разни профили чие работно место се наоѓа на отворено.



Исто така треба да се додаде дека телефонот е дизајниран за да може без никакви проблеми да работи на температура помеѓу -25 и 55 степени Целзиусови. Цената на уредот во online продавницата на компанијата изнесува 99 фунти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...