LG го најави новиот смартфон од средна класа, наречен Band Play. Телефонот првично беше претставен и ќе биде пуштен на продажба во Јужна Кореја, домот на LG и ќе чини 395 долари.
Уредот ќе биде управуван од Snapdragon 410 со четири јадрен процесор кој работи на 1.2 GHz (гигахерци). Ќе има 5 инчен екран со резолуција од 720x1280 пиксели. Неверојатни, за средна класа, 2 GB RAM, 16 GB внатрешна меморија со можност за проширување со мемориска картичка, и батерија од 2400 mAh, која може да се замени.
Кога станува збор за камера, ќе има главна камера од 13 MP и предна од 5 MP, a ќе работи на Android 5.1 Lollipop.