Хеликоптерот на иднината наскоро на пазарот

Откако во 2013 година го изведе првиот пробен лет, и собраа повеќе од 1,2 милиони евра на crowdfuning кампања, германските инженери од компанијата e-volo, интензивно го промовираа своето летало со 18 ротори, работеа на подобрување на дизајнот, и се занимаваат со правните работи, односно настојуваа да се реши прашањето за пилотската лиценца за управување со Volocopter.



Основното летало кое го испробуваа на кратки летови без екипаж, се движи исклучиво на погон на батерии и е во состојба да лета помеѓу 20 и 30 минути, но инженерите работат на подобрувања кои ќе овозможат користење на хибриден мотор со чија помош ќе лета 1 час, превезувајќи две личности со брзина од 100 км на час. Ова летало имаат намера да го продаваат по цена од 340.000 долари.

Шефот на компанијата Александар Зосел, смета дека ова во целост ќе го промени начинот на кој патуваме, и ќе ги замени авионите и автомобилите. Со други зборови, тој сака да каже дека токму ова е дизајнот на идните лични летала кои ќе ги користиме во секојдневниот живот, а нема да летаме во автомобили со крила.

Благодарение на таа количина од 18 ротори, Volocopter VC200 може да полета и да слета како хеликоптер, а тие му носат и предност од сигурносна природа, бидејќи без проблеми може да се приземји доколку некој од нив откаже.

Дизајнот е толку необичен, што за него германските власти мораа да измислат целосно нова категорија на летала за да може да добие лиценца за летање. А во Германија за негово управување ќе биде доволна пилотска лиценца за управување со спортски авион.

Инженерите велат дека со ова летало е многу поедноставно да се управува за разлика од хеликоптерот.

Треба да се нагласи дека овој проект го подржа и германското федерално министерство за економија и технологија кое на компанијата и даде 2 милиони евра за понатамошен развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...