MediaTek-овиот high-end десетјадрен Helio X20 чипсет ќе има свое деби на средината на месец октомври, а првиот телефон кој ќе го има под хаубата е Elephone P9000.
Овој кинески паметен телефон би требало да дебитира на 20 октомври по цена од 500 долари. Со Helio X20 чип, Mediatek се одлучи за четири ARM Cortex-A53 јадра, клокувани на 1.4GHz за извршување на задачите со најмал приоритет, четири Cortex-A53 јадра сетирани на 2.0GHz кои ќе бидат одговорни за тасковите со малку поголеми побарувања, плус за балансирање на потрошувачката на енергија, а последните две Cortex-A72 јадра кои работат на максимални 2,5GHz, ќе бидат одговорни за апликациите и процесите кои побаруваат најголема процесорска моќ. За графиката (GPU) ќе биде задолжен Mali-T800.
Покрај овој ѕверски чипсет, телефонот најавен за октомври ќе има и 5.5 инчен дисплеј со максимална 1080p HD резолуција, 4 гигабајти работна меморија и голема батерија со капацитет од 3100 mAh.