На што во моментов работи шефот на Facebook?

На својот Q&A профил на Facebook, Марк Цукерберг откри по некоја информација за идниот развој на социјалната мрежа. Помеѓу останатото, тој кажа дека ултимативната комуникациска технологија ќе овозможи комуникација со мислите.



“Ќе можете само да помислите на нешто, а вашите пријатели тоа веднаш ќе го почувствуваат, доколку сакате со нив да ги споделите своите размислување“, одговори тој на прашањето за тоа како ја гледа идеалната иднина на социјалните мрежи.

“Но додека тоа не се реализира Facebook ќе се фокусира на развој на Al, бидејќи смета дека развојот на својот паметен сервис е многу корисен за луѓето“.



Покрај тоа Цукерберг истакна дека многу се работи на VR бидејќи тој тоа го гледа како следната голема компјутерска и комуникациска платформа, а не заборави да го спомне и проектот internet.org, со оглед дека го смета за најосновна алатка која луѓето треба да ја имаат, што вклучува работни места, едукација и комуникација.

Марк истакна дека Facebook се наоѓа во изработка на Al системи кои се “подобри од луѓето во поглед на нашите примарни сетила“.

Другиот систем на кој работат се занимава со јазик, што значи дека ќе може да преведува говор во текст и обратно, и ќе одговара на прашања со конверзација.



Шефот на Facebook смета дека VR очилата наскоро ќе станат дел од нашето секојдневие, и ќе ни понудат можност да ги делиме искуствата со оние кои ги сакаме на сосема нови начини.

Освен тоа, тој кажа дека компанијата работи и на дронови, сателити, па дури и ласери за да го прошири својот interent.org проект. Идејата е во иднина да сме во можност да имаме интернет пристап преку се кој авион и сателит кој ќе пролета над нас, а тие ќе комуницираат со земјата со користење на многу прецизни ласери за трансфер на податоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...