Adidas направи патики буквално од ѓубре

Спортскиот гигант Adidas создаде патики кои буквално се направени од ѓубре кое е извлечено од океанот. Горниот дел од патиките во целост е изработен од влакна кои се извадени од морските длабочини и од друг океански отпад.



Тие се плод на соработката на Adidas со организацијата Parley for the Oceans, чија цел е да се намали загадувањето на океаните.

“Исклучително сме горди дека токму Adidas ни се приклучи во оваа мисија покажувајќи дека е можно ѓубрето да се претвори во нешто кул, изјави основачот на Parley, Сирил Гутсх, додавајќи дека со самото тоа собирањето на отпадот од океанот не било губење на време бидејќи ѓубрето е употребено за корисна цел.



Организацијата Sea Shepherd Conservation Society, која исто така соработуваше на проектот, собираше ѓубре во текот на експедицијата, која траеше 110 денови, а кога беа следени илегални бродови за незаконско ловење во близина на обалата на западна Африка.

Портпаролката на Adidas, за The Huffington Post изјави дека патиките не се на продажба, и не се знае дали тие воопшто некогаш ќе се најдат во продавниците.

„Тоа не е план, тоа е акција“, изјави таа и додаде дека прават сè за да покажат за што сè сме способни кога ќе се соберат повеќе умови на едно место. Таа потврди дека компанијата ќе почне да користи рециклирана пластика во производството на своите патики и тоа од почетокот на следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...