10 фантастични апликации за убавина

Оваа листа со апликации и е потребна на секоја модерна девојка и жена, која ќе и помогне при изборот на совршена фризура, шминка, парфем, но и одлични апликации за заштита од сончевите зраци. На листата се понудени 10 фантастични апликации кои нудат корисни совети за убавина. Разгледајте ги, одберете ги оние кои ви се допаднаа и симнете ги на вашиот паметен телефон.

iMakeup Booth



Оваа апликација ќе ви помогне да го изберете кој било козметички производ: маскара, руменило, сјај за усни и пудра – и тоа во нијанси кои целосно ќе ви одговараат на вашиот тен. Идејата е да внесете своја фотографија во програмата и потоа следува вистинска забава – на своето лице може да нанесувате сенка за очи, светки, разни нијанси на руменило и многу други продукти, а со тоа да изберете кои најмногу му прилегаат на вашето лице.

YouCam Makeup – Makeover Studio



Со помош на оваа апликација не само што ќе ја изберете најдобрата фризура и шминка туку ќе можете да ги тргнете сите недостатоци од вашето лице. Ако ви здосадат експериментите со фризурите, отидете чекор понатаму и поиграјте си со обликот на лицето, носот и избелете си ги забите.

Hair Color од производителот на ModiFace



ModiFace е совршена апликација за сите перфекционисти, која многумина ја нарекуваат огледало за виртуелна шминка. Овој пат, производителите на оваа апликација, ја смислија апликацијата Hair Color, специјализирана за косата. Па така, ако посакате некои промени на косата, но се плашете дали добро ќе ви стојат, ова е вистинската апликација за вас, која поседува мноштво нијанси на боја за коса.

Perfect365



Уште една одлична апликација за да ја изберете совршената шминка. Perfect365 е одлична алатка за многу прецизно (виртуелно) нанесување на шминка, инспирирана од најубавите шминки на вашите омилени ѕвезди. Апликацијата нуди отстранување на сите недостатоци и нагласување на најдобрите делови на лицето, а вие сами можете да го контролирате интензитетот на поедини ефекти.

iPerfume



Оваа апликација е многу корисна ако можете да ги издвоите вашите омилени парфеми и ако точно знаете во што е разликата меѓу аромите. Апликацијата работи токму на тој принцип, односно ви помага да предложите парфем на база на некоја арома која ја содржи вашиот омилен парфем, но и да ве запознае со новитетите на пазарот.

iSundicator



Оваа многу паметна апликација добро ќе ви дојде токму во овој летен период бидејќи ви помага да се заштитите од опасните УВ зраци. Апликацијата функционира на начин што ќе изберете кој вид на кожа го имате, ја внесувате вашата локација, временските услови и iSundicator ќе ве информира во која доба од денот не смеете да излегувате надвор за да ги избегнете опасните зраци. Освен тоа, апликацијата ќе ве потсетува редовно да нанесете заштитен крем за сонце.

Eyebrows



Трендот на уредување на веѓите стигна и до виртуелните сфери. Со помош на оваа апликација ќе може да ги изберете обликот, густината и бојата на вашите веѓи, а потоа да ги фотографирате и фотографијата да и ја покажете на вашата козметичарка, која ќе се потруди да ви ги направи какви што ги посакувате.

Face Metrics



Оваа апликација ќе ги заинтригира сите оние кои сакаат да научат некои основи на контурирање и нагласување на лицето и на тој начин визуелно да ги променат контурите на лицето. Програмата најпрво ќе го скенира вашето лице од приложената фотографија, ќе ги одреди односите и пропорциите, па потоа ќе даде предлог како да ги сокриете евентуалните недостатоци со помош на шминка.

Water Balance



Добро знаеме колку е потребно секојдневно да пиеме многу течности. Со оглед на тоа, некои течности како што се чајот, газираните напитоци, а особено кафето може да делуваат диуретски, односно преку нивно консумирање да излачуваме повеќе течности од телото, за кои е потребно да ги надоместиме. Целта на апликацијата е да ја пресмета количината на внесена течност и да ни помогне да научиме да ја одржуваме рамнотежата во телото.

Bangstyle



Оваа година сведоци сме на големо враќање на естетиката од 70-тите години, а со тоа доаѓаат и препознатливите трендови за коса. Апликацијата ќе ви помогне да ја изберете најдобрата фризура за вашиот облик на лице. Ќе имате можност да погледате илјадници фризури на бројни стилисти и фризери низ светот, а од нив сигурно ќе добиете инспирација за промена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...