ВИДЕО: Гаџет кој ќе го обожаваат спортистите

Исклучително мала GoPro камера пристигнува со се што се очекува од неа, а како дополнително изненадување е тоа што таа е водоотпорна. Видеото го снима во Full HD резолуција со 60 fps.



Hero4 Session е најмалата камера која GoPro досега ја претстави, но ова е прва камера со значително поинаков дизајн од првиот модел кој го исфрлија во далечната 2007 година. Нејзиниот развој траеше три години.

Освен што е најмала и најлесна, оваа камера е голем чекор за GoPro бидејќи е прва за која не треба дополнително куќиште за да преживее во тешки услови или во вода до 10 метри длабочина.

Кога се работи за помала камера која чини 400 долари, корисниците ќе треба да бидат подготвени и за некои отстапки. Па така малата камера е ограничена на 1080p60 видео, но веројатно ќе преживеете без 4К поддршка. Недостиг е што и батеријата не е заменлива и нуди 1030 mAh.

Користењето е прилично едноставно. Краток притисок на прекинувачот ја вклучува камерата и автоматски го стартува снимањето на видео, додека другиот притисок ја стартува камерата да снима фотографии.



Второто притискање го чува видеото или фотографијата и ја гаси камерата. Фотографиите ги снима во резолуција од 8 мегапиксели. Малиот LCD екран на камерата ви го покажува режимот на работа и состојбата на батеријата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...