Сензори кои го следат воздухот во вашиот дом

Деновиве веруваме дека повеќето луѓе почнаа да ги пуштаат своите клима уреди, но многу е можно само мал дел да ги исчистиле и сервисирале пред да ги пуштат во употреба, а тоа би требало да се прави секоја година според упатствата на произведувачите.

Затоа се поставува прашањето колку знаеме за клима уредите кои ги имаме во нашите домови.

Знаете ли колкава е влажноста во вашата дневна соба, притисокот на воздухот во кујната или количината на испарливи органски соединенија во вашата спална соба?

Секако дека тоа е една од последните работи за кои се грижите, но според бројните студии, воздухот кој го вдишуваме во затворените простории на својот дом, многу влијае на нашето здравје и расположение.

За да бидете во можност да ги следите климатските услови во својот дом, на пазарот можете да го пронајдете системот Cubesensors, кој е мал коцкаст сензор кој со Wi-Fi се поврзува на вашиот паметен телефон, и преку апликација ви ги прикажува резултатите на она што се случува во просториите во кои живеете.

Во продажба се нудат сетови од 2,4 и 6 сензори по цена од 235 до 455 евра, а секој вклучува базна станица која се поврзува со мобилна апликација преку рутер или модем, а пред читањето коцката треба само да се протресе.

Освен податоците кои ви ги прикажува апликацијата, коцката и сама ќе ви го прикаже воздухот преку бојата на светлото, па сината боја ќе ви каже дека се е ок, а црвената е знак дека со вашиот воздух не е се во ред, па детално ќе морате да се консултирате со апликацијата.

Инаку, ако имате проблеми со рчењето, еден од виновниците за оваа непријатна појава може да е сувиот воздух, па апликацијата ќе ве советува да го вклучите освежувачот за воздух.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...