HoloLens во образованието

Microsoft своите HoloLens очила од самиот почеток настојува да ги претстави како гаџет кој нема да го користиме исклучиво за забава, туку во сите домени од нашиот живот, што ги вклучува и бизнис намената како и науката и образованието.



За да ја демонстрираат можноста на овие очила во едукативна примена, луѓето од Microsoft објавија видео во кое ја прикажуваат примената на холографските очила во надградба на лекарите. Идните доктори по семејна медицина, хирурзите, ортопедите односно студентите на медицина на Универзитетот Case Western Reserve University, испробаа како овој холографски компјутер кој се носи можат да го користат за учење на медицина.

Кога ги носат очилата на чии проѕирни стакла се проектираат холограми во проширена реалност, студентите можат да шетаат околу анатомски модели за да ги видат коските, мускулите, циркуларниот систем и внатрешните органи без потреба од секцирање на мртви луѓе.



Освен тоа, студентите и докторите овие очила можат да ги користат за изведување на симулации на оперативни зафати со што значително се намалува стресот пред операцијата со вистинските пациенти.

Во секој случај, без разлика што ќе помине време пред факултетите да ги прифатат овие очила како задолжително наставно средство, ова ни покажува дека не станува збор за некој претенциозен концепт, туку за нешто важно што го очекуваме во блиска иднина.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...