6 милиони долари за евтин е-велосипед

Компанијата Storm Sondors, на почетокот на оваа година започна crowdfunding кампања на Indiegogo со која сакаше да собере 75 илјади долари за својот велосипед Sondor Bike.

Овој електричен велосипед со дебели гуми е наменет за користење на сите видови на терен, и пристигнува со мотор од 350 W и овозможува домет до 50 км со едно полнење на литиј-ионската батерија и кој има максимална брзина од 32 км на час, а како што може да се види во видеото, корисниците кои го испробале се многу задоволни со неговите перформанси.



Но, она што е најинтересно во целава оваа работа е тоа што Storm Sondors на сите кои велосипедот го нарачале преку Indiegogo, им го понудиле по цена од само 499 долари, што е износ кој е доволен за средна класа на велосипеди од типот на mountain bike. Па поради тоа не чуди фактот дека проектот за само неколку дена собра околу 3 милиони долари за конечниот износ да изнесува повеќе од 6 милиони долари односно 6.846% повеќе од бараната сума.

Поради тоа, многумина заклучија дека можеби во прашање е измама, па дури и Business Insider напиша текст во кој изразува сомнеж за оваа понуда на векот.

Но пред два месеца компанијата започна со испорака на велосипедите, и на Business Insider им испрати фотографии на кои се гледаат полни камиони и складишта, а деновиве по испорачаниот прв контингент кампањата продолжува, со тоа што сега велосипедот ќе го добиете по цена од 649 долари што и понатаму е одлична цена.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...