Како паметните автомобили се носат со глупавите возачи

Пред два месеци, некои медиуми се обидоа да ги дискредитираат автономните автомобили на Google, со тврдење дека и покрај софтверот чиј приоритет е да избегнува несреќи, тие сепак учествуваат во судари што значи дека не се ниту толку паметни ниту способни како што се мислеше.



Секако, Google веднаш излезе со демант и издаде соопштение за јавност во кое изјави дека во текот на 6 години користење на неговите автономни автомобили тие поминале околу 2,7 милиони километри и учествувале во 11 сообраќајни инциденти.

Во сите случаи се работело за многу мала штета, а во ниту еден случај вината не паднала на роботите, туку виновни биле луѓето.

Но, освен што Google ги тестира своите автомобили, за да открие како се однесуваат тие во сообраќајот, нивните сензори собираат и податоци за однесувањето на луѓето возачи, кои се виновни за 94% од сообраќајните несреќи.

Затоа од компанијата на страната Backchannel, опишаа што се откриле автономните автомобили во врска со луѓето возачи, а воедно и објавија видео кое покажува забивање на едно возило во автомобилот на Google од задна страна, што е еден од најчестите проблеми кои овие паметни возила ги доживуваат.



Автомобилите на Google забележале навистина чудни однесувања на возачите, како телефонирање, пишување на смс, дури и читање на книги и свирење на труба во текот на возењето.

Во наведениот случај, на видеото се гледа дека возачот бил загледан само во зеленото светло, но не и во автомобилот пред себе па затоа и се забил за задниот дел на паметниот автомобил.

За разлика од луѓето, овие автомобили имаат можност за гледање на 360 степени околу себе и се концентрирани 100 проценти од времето проведено на патиштата.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...