Amazon предлага во сите градови и предградија на светот да се одвои чист воздушен простор во кој би летале само дронови и така да се олесни и забрза доставата преку беспилотни летала.
Дроновите на тие воздушни коридори би летале со голема брзина, па дури и оние кои ќе бидат програмирани така што луѓето не би управувале со нив во реално време.
Компанијата планот го претстави деновиве на NASA на конвенцијата која се одржа во Калифорнија. Целта е да се развие систем на достава на дронови кои на купувачите ќе им овозможат во рок од половина час од нарачката да ја добијат робата.
Се очекува дека таквата експресна достава ќе биде возможна за најмногу 10 години и дека во воздух ќе летаат стотина илјади мали дронов, кои нема да значи дека ќе бидат само нивни ниту само за достава. Amazon предвидува дека повеќето од тие дронови ќе бидат роботи.
Експертите за воздухопловство на Amazon му предлагаат воздушните коридори да бидат широки 60 метра и барем 60 до 80 метра над земјата.
Треба да бидат изолирани и резервирани само за врвните беспилотни летала опремени со софистицирани комуникациски уреди и сензори.
Воздушниот простор со ширина од 80 метри, на висина од 80 до 120 метри би бил тампон зона помеѓу дроновите и конвенционалните летала како патничките и теретните авиони.