ПОДАТОЦИ КОИ БИ ГИ ИНТЕРЕСИРАЛЕ ЗАВИСНИЦИТЕ

Го користите ли премногу телефонот?

Мобилните телефони се нераскинив дел од нашето секојдневие, и тоа толку многу што скоро и да сме неспособни за живот без нив.



Податоците за користењето на мобилните телефони може да ве изненадат, иако ако малку застанете и размислите веројатно и сами ќе сфатите дека сте прилично зависни од тој мал уред.

Од јануари 2014 дури 90% од возрасните личности во САД поседуваа мобилни, а меѓу луѓето на возраст од 18 до 29 години, бројката се искачи на 98%.



Поголемиот број на млади корисници користат паметни телефони, а она што е интересно е дека нив ги користат претежно како друштво.

Еве некои од најинтересните податоци од САД кои веројатно не се разликуваат многу од нашите:

- Дневно на мобилен поминуваме 2 часа и 57 минути, што изнесува 20.7 часа неделно.

- Времето кое секоја недела го поминуваме на мобилен би можеле да го искористиме за гледање на 40 епизоди од нашата омилена серија или за читање на Ана Карењина.

Навики во тоалет:

-61% од луѓето го користат својот телефон дури и кога се во тоалет

-49% од луѓето читаат пораки на мобилен додека се во тоалет

-30% од луѓето се јавуваат на телефон додека се во тоалет

-92% од корисниците на социјални мрежи го проверуваат својот Facebook профил додека се во тоалет

-9% од луѓето во некој момент случајно го испуштиле телефонот во тоалетната шолја

Пораки и е-меил

-81% од сопствениците на мобилни телефон го користат својот телефон за да испратат и примат пораки

-Во текот на 48 часа еден корисник испраќа и прима во просек 47 пораки

-78% од луѓето проверуваат меил на телефон

Останати информации

-60% од сопствениците на телефони користат интернет на телефон

-50% симнуваат различни апликации од интернет

-24% корисници користат видео чат на мобилен

-48% од луѓето слушаат музика на мобилен



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...