Дали претераното полнење може да ја уништи батеријата?

Нераскинливата врска на паметните телефони и батериите им причинува вистинска главоболка на корисниците, но и на производителите на овие уреди.

Тоа е така бидејќи развојот на технологијата на батериите не го следи развојот на сè останато, заради што полначот сè уште е посредникот во врската. Но, може ли претераното полнење на уредот да и’ наштети на батеријата?



Тоа прашање ги мачи корисниците уште од периодот кога на сцената излегоа првите мобилни телефони, па се создадоа митови дека смееме да го полниме уредот само кога батеријата потполно ќе се испразни, а потоа да внимаваме кога ќе се наполни, бидејќи ако не го извадиме истиот би можел да експлодира или батеријата да се истопи. За среќа, ова се измислици. Во реалноста тоа никогаш не било така.

Особено не во денешно време, со напредните паметни телефони, кои знаат сами по себе кога се полни и автоматски го спречуваат дотокот на струја, заради што не е важно колку долго се уклучени на полнач.

Но, постојат исклучоци бидејќи литиум-јонските батерии се исклучително чувствителни. Доколку случајно го покриете уредот, истиот би можел да се прегрее и да се расипе.

Исто така, доколку го оставате вашиот уред уклучен на полнач многу подолго време од потребното за батеријата да се наполни, ќе дојде до нејзино слабеење. Сепак, тој процес е малку подолг. Веројатно попрво ќе дојде време да го промените уредот отколку батеријата значајно да се уништи со претераното полнење.



Доколку имате намера подолго време да го користите вашиот уред или пак, доколку секоја секунда на траење ви е важна, придржувајте се до основните совети.

Тоа значи дека треба да избегнувате да ја полните батеријата кога истата ќе биде целосно празна, но доколку тоа се случи, тогаш немојте да го наполните уредот до 100 проценти, туку трудете се тој да биде помеѓу 50 и 80 проценти, така што „наполнетите“ јони ќе го штитат траењето на батеријата. Кога батеријата е целосно полна, тие стануваат „мрзеливи“ и работат со послаб интензитет, па затоа батеријата побрзо се празни.

Покрај практикувањето на овие совети, корисно е и полначот и батеријата да ви бидат од истиот производител како оној на вашиот уред.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...