Капацитетот на батеријата кај паметните телефони е исклучително важен, но и времето на нејзиното полнење е подеднакво важно. Најчесто сите знаеме да се изнервираме доколку во некој важем момент ни се испразнила батеријата, па веднаш бараме штеќер за да го вклучиме нашиот паметен телефон да се полни.
Значи, за да немаме нервози и да „цупкаме“ во место додека се полни телефонот, ние ви ја нудиме листата на паметни телефони кои нудат најбрзо полнење?
Тестирањето кое неодамна го спроведе Tom’s Guide, можеби го има одговорот. Благодарение на тестовите на проверена брзина на полнење, добивме листа на телефони кои ќе ви дадат најмногу енергија кога сте во гужва и немате време.
Внимание треба да обрнете на Asus Zenfon2 или Samsung Galaxy S6.
Zenfon 2 е најбрз во кратко полнење и батеријата ја враќа на 32% за 15 минути. Galaxy S6 е генерално најбрз и батеријата до 100% ќе се наполни за час и 22 минути.
Секако брзината на полнење не зависи само од технологијата, туку и од нејзиниот капацитет.
Samsung тука е победник затоа што има релативно мала 2.550mAH батерија во споредба со 3.000mAh батериите кои ги имаат другите паметни телефони со брзо полнење како што се Motorola Droid Turbo, LG G4 и Nexus 6.
Па така, можеби ќе бидете прв кој ќе го извади полначот од телефонот, но и прв кој ќе го врати на него.
iPhone 6 е на дното на оваа листа бидејќи му се потребни 73 минути повеќе во споредба со конкуренцијата за да стигне до полн капацитет на батерија.
Капацитет на батерија по 15 минути полнење:
* Asus Zenfon 2 – 32 %
* Samsung Galaxy S6 – 27 %
* Google Nexus 6 – 25 %
* LG G4 – 23 %
* Motorola Droid Turbo – 22 %
* iPhone 6 – 20 %
Време потребно до полна батерија:
* Samsung Galaxy S6 – 1:22 минути
* LG G4 – 1:36 минути
* Motorola Droid Turbo – 1:47 минути
* Google Nexus 6 – 1:49 минути
* Asus Zenfon 2 – 1:49 минути
* iPhone 6 – 2:35 минути