Претставен новиот телефон на LG

LG го претстави својот нов паметен телефон LG V10, кој очигледно малку ги копира телефоните Edge на Samsung со задните екрани, со тоа што во овој уред има малку поразличен setup.

За разлика од Edge, првиот LG-ев телефон од новата V серија, поседува секундарен 2,1 инчен екран со резолуција од 160 x 1040 пиксели над главниот од 5,7 инчи (1440 x 2560/413 ppi), а на него ќе имате икони поврзани со времето, датата, состојбата на батеријата и нотификациите.



Освен тоа, секундарниот екран може да се користи за активирање на шорткати или стартување на најчесто користените апликации. Тој екран е постојано активен, но велат дека тоа нема да влијае на трајноста на батеријата што значи дека користи занемарлива количина на струја.

Под „хаубата“ се наоѓа Snapdragon 808 чипсет, Adreno 418 GPU, 4 GB RAM меморија и 64 GB интерен простор за складирање кој може да се прошири со до 2 TB microSD картичка .

Одделот за фотографирање, видео снимање и изработка на селфија поседува исто неколку интересни функции.

Освен задната камера од 16MP, уредот од предната страна поседува dual камера од 5MP, што ви овозможува снимање на широко аголни селфија со видно поле од 128 степени, па селфи стикот повеќе не ви е потребен.

Освен тоа телефонот овозможува и така наречено Multi-View снимање, што значи дека можете да снимате видео со истовремено користење на сите три камери, а тука е и мануелниот видео мод со можност за рачно нагодување на „ „frame-rate“, брзината на затворањето, „white-balance“, ISO и фокусот.

Видеото може да се снима во 3 резолуции, односно HD, FHD и UD, а со тоа можете да го бирате форматот помеѓу 16:9 и 21:9.


На телефонот се наоѓа и Quick Video Editor кој ќе ви овозможи пост продукција на снимениот материјал, додека за добивање на чист звук можете да користите Wind-Noise филтер.

Помеѓу спецификациите се споменуваат и 4G LTE-A (Cat.6), Wi-Fi, Bluetooth 4.1, NFC, USB 2.0 и батерија од 3.000 mAh, а телефонот работи на Android 5.1.1 Lollipop.

За уредот да биде колку што е можно поиздржлив, LG го опреми со Dura Guard рамка од 316L челик, додека на задната страна има Dura Skin „кожа“, која според тврдењата на LG истовремено е мека на допир и издржлива на удари и гребаници.

Всушност погледнете го и сами видеото.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...