Профилно видео наместо профилна фотографија

Профилната фотографија на Facebook нема повеќе да биде иста. Во низата промени кои компанијата ги воведе е и таа. Профилната најверојатно ќе биде кратко видео кое ќе се повторува, односно GIF, кои ќе се стартува штом некој ќе го отвори вашиот профил.

Од Facebook објавија дека и мобилното прикажување на мрежата ќе има големи измени, вклучувајќи го профилното видео, привремените фотографии и новите можности со кои корисниците ќе контролираат што другите ќе гледаат кога ќе го посетат нивниот профил.



Профилното видео како го нарекуваат од компанијата ќе им овозможи на луѓето профилната фотографија да ја заменат со видео кое ќе се повторува. Тоа ќе биде видливо само на мобилната верзија.

Корисниците освен тоа ќе можат да вчитаат „привремена верзија“ на профилната фотографија која ќе се промени во фотографијата која била претходно во времето кое вие ќе го наведете.

Оваа промена е инспирирана од филтерот Celebrate Pride, кој луѓето повремено, најчесто во текот на парадата на гордоста го користеа за да пружат поддршка на LGBT личностите.

Интересно е дека овој новитет го креираше стажант во компанијата, а тоа прерасна во една од најпопуларните работи која е користена дури 26 милиони пати, пишува Independent.



Корисниците ќе можат да ги променат и информациите кои се појавуваат на нивните профили. Новата функција овозможува да изберете кои лични податоци сакате да се појавуваат на врвот на страната, а ќе се додаде рубриката „био“ во која ќе можете да испишете кратка порака за себе.

Направени се и некои мали измени поврзани за изгледот на профилот, па делот со фотографии и пријатели ќе се наоѓа нешто повисоко.

Сите нови функции најпрво ќе се тестираат на мал број на корисници на iPhone во Велика Британија и САД, но од компанијата порачуваат дека наскоро ќе бидат достапни за сите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...