Нови уреди од Microsoft

На почетокот на својата конференција, Microsoft се пофали со податокот дека Windows 10 во моментов се наоѓа на повеќе од 110 милиони компјутери ширум светот, од кои 8 милиони копии се на деловните PC-ја.



Што се однесува до новите уреди во одделот на поголеми Windows 10 гаџети, компанијата го претстави Surface Book лаптопот, односно конвертабилецот со 13,5 инчи PixelSense екран чувствителен на допир, со резолуција од 3000х2000 пиксели, кој е тежок само 1,6 кг, а со него ќе добиете и Surface Pen stylus пенкало, додека од процесорите од 6-та генерација можете да бирате Core i5 и i7, како и опции со интегрирана графика или Nvidia GeForce GPU.



Најевтиниот Surface Book, чини 1.499 долари, додека за најмоќниот i7 со ќе треба да издвоите 2.669 долари.

Освен book-от, Microsoft го претстави и Surface Pro 4 таблетот кој пристигнува исто така со 6-та генерација на Core процесор (i3, i5, i7), и ќе се продава во верзии од 4, 8 и 16 GB RAM, како и SSD простор за складирање од 128, 256 и 512 GB, како и 1TB.



Батеријата на уредот овозможува до 9 часа репродукција на видео, а како опции се нудат нови Pro 4 Type тастатури, меѓу кои е и една со читач за отпечаток на прсти.

Најевтиниот модел i3 процесор и 128 GB простор за складирање можете да го добиете за 899 долари, додека за модел до 1 TB простор за складирање, Intel Core i7 процесор и 16 GB RAM ќе платите 2.699 долари, што и не е сума која повеќето луѓе би ја платиле за таблет, но ова сепак се добри таблети кои не можат да се споредат со оние на Android и iOS.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...