Две апликации кои можат да ве шпионираат

Замислете некој вашите лични податоци да ги шпионира преку мобилен телефон кој го држите во рака, а за тоа не сте свесни.

Една жена тврди дека токму тоа и се случило, па го пријавила својот поранешен сопруг дека без нејзино знаење на телефонот инсталирал апликација со чија помош може да ја следи.

“Никогаш не знам дали тој ги чита моите пораки или ми ги прислушкува разговорите“, изјавила жената кога го пријавувала поранешниот сопруг.

Иако звучи страшно, инспекторот Брајан Хил кој е специјалист во областа на дигиталната форензика, објаснил колку тоа лесно може да се случи и тоа со помош на две апликации mSpy и FlexiSpy.

Апликациите се симнуваат од официјалните страници на произведувачот и чинат околу 8 долари месечно, а често се користат за надгледување на децата и вработените.

Доволно е да се искористи момент на невнимание на сопственикот на мобилниот телефон за да се инсталира една од овие апликации и ќе се има на увид целата активност како и движењето на корисникот на уредот.



FlexiSpy е корисен прислушкувач на телефонот, но потребно е подолго време за негова инсталација. Двете компании напомнуваат дека апликациите се наменети за заштита на корисниците како на пример на децата, но јасно е дека многу лесно можат да се злоупотребат.

Интересно е дека ниту една од овие апликации не може да се пронајде на познатите платформи за продажба како Apple Store така ниту на Google Play.

Експертите велат дека едноставно треба да внимавате на вашиот телефон и секогаш да го носите со вас или пак да наместите лозинка за влез на него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...