Македонски Телеком ја надгради 4Г мрежата со нова функционалност

Најбрз 4Г мобилен интернет од максимални 220 Mbit/s

Македонски Телеком ја надгради 4Г мрежата со нова функционалност наречена Агрегација на носители (Carrier Aggregation) којашто припаѓа на новата генерација на LTE напредна мрежа (LTE Advanced). Надградбата првично е направена во потесното градско подрачје на Скопје и со овој чекор на корисниците им се овозможува поголема брзина на пренос на податоци која се движи до максимални 220 Mbit/s. Поголема брзина на пренос на податоци ќе имаат оние корисници коишто поседуваат најнова генерација на паметни телефони (категорија 6) кои ја поддржуваат новата функционалност. Моментално, Македонски Телеком нуди седум модели на вакви паметни телефони во својата продажна мрежа.

Македонски Телеком како технолошки лидер на пазарот, прв ја воведе 4 Г мрежата во Македонија. Како резултат на континуираните инвестиции во инфраструктура, во моментот со 4Г мрежа се покриени 45 отсто од територијата на Република Македонија и 70 отсто од населението. Дополнително, Македонски Телеком инвестираше во значително проширување на својата 3Г мрежа со цел обезбедување на широкопојасни податочни услуги на целата територија на Република Македонија. Па така, Македонски Телеком со 3Г мрежа покрива 93 отсто од територијата и 98 отсто од населението, со што компанијата е апсолутен лидер во обезбедување на мобилни широкопојасни податочни услуги.

Активностите за проширување на 3Г и 4Г мрежата продолжуваат понатаму со цел на граѓаните да им се овозможат најновите технологии, да им се подобри квалитетот на животот и да се обезбеди најдобро корисничко искуство со најдобрата мобилна мрежа, како еден од клучните фокуси на Македонски Телеком. Во таа насока, компанијата паралелно со ширење на 3Г и 4Г мрежата ширум државата, ќе продолжи и со надградбата на новата функционалност т.н Carrier Aggregation со цел на повеќе корисници да им овозможи пристап до поголеми брзини за пренос на податоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...