Јакна со греење и полнач за мобилен

Во последните неколку години, на пазарот се појавија неколку видови на зимска облека со греење, а неодамна и компанијата Ravean, која преку Kickstarter сака да развие производство и продажба на јакна, џемпер и маица со капуљача, кои би требало да ни овозможат пријатна температура дури и кога живата на термометарот ќе се спушти на -20 степени.

Нивните јакни во себе поседуваат посебни ултра тенки панели за греење кои имаат батерија со напојување од 12, 7 или 5 V.



Благодарение на батериите за кои велат дека сами ги патентирале, јакните дури и на температура помеѓу -10 и -20 степени ќе ви овозможат 10 часа греење на слабо, 5-6 на средно и 3-4 часа на јако греење.

Освен тоа, јакните се опремени со систем за циркулирање на топлина, кое овозможува да се греете на оние места каде што сакате.

Интересно е што облеката Ravean со централно греење е во тоа што батеријата која служи за напојување на грејните плочи може да се користи за полнење телефон и таблет прек USB слот.

Според нивното тврдење, батеријата со едно полнење би требало да овозможи 6 циклуси полнење на вашите гаџети.



Со јакната добивате и ракавици, кои можат да се спојат на систем на греење на јакната со конектор кој оди со ракавите, што значи и прстите ќе ви бидат на топло.

Компанијата наведува дека јакните и ракавиците се изработени од тенок и лесен материјал кој ќе ви обезбеди голема слобода на движење и плус тоа лесно се перат во машина за алишта.

Јакните преку Kickstarter можат да се нарачаат по цена од 165 долари, а испораката би требало да започне следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...