Facebook тестира алатки за раскинување

Во денешно време раскинувањето на врската станува навистина комплициран процес. Oткако ќе си кажете збогум еден на друг, останува прашањето дали треба или не треба да ја избришете личноста од вашата листа на Facebook пријатели.

Сигурно нема да ви биде сеедно кога ќе започнете да ги гледате фотографиите со новата љубов или пак да се помирите со фактот дека вашето довчерашно момче, односно девојка веќе ве преболело и продолжува понатаму. Од друга страна помалку глупаво е едноставно да го/ја избришете од пријатели и да заборавите на сите нешта што сте ти поминале заедно.

Соочувајќи се со оваа дилема одговорните во Facebook решија да најдат компромисно решение за целата ситуација.

Социјалната мрежа започна да експериментира со нови алатки чија цел е да им помогнат на луѓето дигитално да се дистанцираат од поранешните љубовници без притоа да посегнат по драстични мерки како бришење од листата на пријатели.


Од сега, па натаму, при менувањето на статусот за врска корисниците ќе имаат можност да избираат да гледаат помалку објави од поранешната љубов како и да ги лимитираат што гледа личноста на нивниот профил. Промените ќе важат и за претходно објавените постови и фотографии.

Идејата е да им се даде што повеќе простор на инволвираните страни во виртуелна смисла на зборот.

Најдобрата страна е во тоа што поранешната девојка односно момче нема да знаат дека сте ги направиле овие промени, па така на најбезболен начин ќе може да го надминете раскинувањето.

Новите алатки за почеток ќе бидат достапни само за профилите од САД. Доколку потегот на социјалната мрежа се покаже како полн погодок, тогаш се очекуваат дополнителни прилагодувања пред истите да бидат достапни за сите корисници.

„Facebook breakup” со сигурност ќе им се најде на оние кои сакаат да останат пријатели со бившите, но не сакаат да си создаваат дополнителна мака гледајќи ги нивните постови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...