Сателити за испраќање слики во реално време

Технолошкиот стартап Iceye развива радарски инструмент (кој би бил сместен во микро-сателити) кој би овозможувал снимање и испраќање на слики во реално време, без разлика на временските (и дневни/ноќни) услови.



Сликите добиени на овој начин првенствено би биле користени при катастрофи од секаков вид, со цел да се помогне на службите/организациите за спасување. Исто така, разни индустрии како логистичката, енергетската, агрикултурната и сл. би имале огромна корист од ваков тип на технологија, бидејќи брзиот пристап до сликите би им овозможил многу подобар увид во нивната работа.

Iceye системот е уникатен бидејќи не се базира на традиционалната оптичка технологија – за разлика од „обичните„ камери во слични уреди, нивниот радар е способен да „гледа“ низ облаци, лоши временски услови, како и темнина. Минијатуризацијата на уредот допринесува до брзо и ефективно лансирање не на еден, туку на десетици сателити истовремено при што се редуцира времето на реагирање (при некој катастрофален настан) од денови (потребни да се лансираат класични сателитски уреди), до (буквално) минути.



Сателитите на Iceye се 20 пати полесни од оние кои моментално се користат од разни владини и воени установи (благодарејќи на компонентите од кои што се изработени, а се користат и во останатата комерцијална мобилна технологија), и се дизајнирани да функционираат во „роеви„ од неколку уреди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...