Претставена е револуционерна батерија

Компаниите Kopin и Hitachi Maxell, на овогодинешниот CES 2016 саем во Лас Вегас ги претставија своите нови SiMax литиим-јонски батерии кои се базираат на SiO-C технологија, односно користење на силициум оксид и на јаглерод во анодата, што им овозможува двојно поголем капацитет во однос на стандардните.



Благодарение на ова технолошко унапредување, наскоро гаџетите кои се носат и мобилните уреди можат да бидат значително помали и полесни, додека долготрајноста на батеријата ќе им понуди значително поголема автономија и работа.

Kopin и Hitachi Maxell склопија договор според кој Kopin ексклузивно ќе им понуди на OEM-те батерии на SiMax брендот за користење во гаџетите кои се носат на глава како VR/AR headset-ви и паметни очила, а иницијалната продукција ќе започне во вториот квартал оваа година.



Првата батерија произведена со оваа технологија ќе се најде во Kopin Solos паметните очила за велосипедите, а пристигнува во големина од само 46 x 10,5 x 5,5мм, со капацитет од 400 mAh.

За сега не е познато кога батеријата за новата технологија ќе се најде во паметните телефони, таблети и лаптопи, но сигурни сме дека нема да треба долго да чекаме доколку се навистина толку добри колку што тврдат.

Solos Bio-Inspired Performance Wearables from Solos Wearables on Vimeo.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...