Nokia покажа непознат таблет и телефон

Nokia на YouTube издаде ново видео под називот Our Vision во кое не претставува ништо конкретно, туку говори општо (односно се фали) за тоа која е, кои се нејзините визии, со што се занимава и по што е глобален лидер во технологиите кои ги поврзуваат луѓето и предметите.



Со други зборови кажано, можеме да заклучиме дека ова е видео оглас кој првенствено служи за „освежување“ на името Nokia, за луѓето да не помислат дека исчезна откако компанијата го изнајми името на Microsoft, и ги затвори своите погони за изработка на телефони.

Со оглед на тоа дека оваа година завршува да важи договорот со Microsoft по кој компанијата не смееше да произведува свои телефони, многу очекуваа дека ќе се оживее производството и ќе почне да издава нови уреди, што делимично се покажува како точно.

Всушност, веројатно ви е познат случајот со Nokia C1 телефоните, чија појава Nokia ја потврди, но таа не го произведува, туку го изнајмува името и своите технолошки решенија, а мината година ја претстави и својата професионална VR камера.

Многу е веројатни дека ова видео ќе предизвика повторно гласини за стартување на производство на нови телефони и таблети, бидејќи на него се појавува мистериозен таблет и телефон.



Што се однесува до таблетот, тој потсетува на 7,9 инчен N1 кој добро се продава во Кина, но очигледно е поголем од него, а телефонот би можел да биде C1 или некој друг уред кој го изработуваат партнерите на Nokia.

Како изгледа, очигледно не се работи за некој high-end мобилен, туку уред од средна класа.

Секако постои можност во видеото воопшто да не се вистински уредите туку прототипи кои за снимање ги позајмиле од своите развојни лаборатории, но одлично е ако се сака да се пушти гласина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...