Project Skybender – таен проект на Google

Според The Guardian, Google работат на Project Skybender, со чија помош треба да се испорачува 5G интернет преку соларни дронови.

Наводно, започнато е експериментирање со millimeter wave-based интернет (името е добиено од брановата должина на радио брановите на сигналот која изнесува од 1 до 10 милиметри) во Virgin Galactic's Gateway to Space терминалот на Spaceport America во New Mexico. Се верува дека millimeter-wave технологијата е способна да пренесува податоци 40 пати побрзо отколку сегашната LTE (4G), и дека на неа ќе се базира 5G интернетот. Инаку, DARPA има започнато да работи на интернет конекција со оваа технологија уште во 2012-та, во своите воени бази.



Project Skybender Моментално користи OPA (optionally piloted aircraft) летало наречено Centaur и соларно напојуван дрон наречен Solara 50, направен од Titan Aerospace, компанија која Google ја купија во 2014-та. Тие добиле дозвола од FCC (американската федерална комисија за комуникации) да го тестираат овој систем до јули, по што би требало да се знаат повеќе детали.

Најголемата пречка кај millimeter-wave технологијата е што овие бранови слабеат откога ќе поминат одредена (кратка) дистанца, и е проблем кој што Google ќе мора да го реши доколку се нафати да ни „пушта“ интернет од небото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...