Apple започнува со изработка на својот нов iPhone

Најновата гласина која ја носи јапонскиот медиум Nikkei, говори за тоа дека Apple започна со продукцијата на малиот 4 инчен iPhone, чие лансирање се очекува во март 2016.



Според изворот со кој располага Nikkei, станува збор за уред iPhone 6c, за кој во некои претходни гласини се велеше дека ќе се нарече iPhone 5se.

Иако Apple ништо од тоа не потврди, сепак упатените во нештата велат дека уредот ќе работи на постара комбинација А8 и М8 процесори и копроцесори, но големо прашање е дали тој чипсет ќе може да ги одржи перформансите во работата со најновата надградба на iOS кои имаат се поголеми побарувања, па некако сепак очекуваме дека хардверот ќе биде нешто посилен.



Во секој случај, кога Apple на својот настан во март ќе го претстави новите модели на Apple Watch и iPad Air 3, ќе дознаеме дали iPhone 6c е навистина новиот нискобуџетен уред на тимот од Купертино со кој сакаат да освојуваат нови корисници кои имаат малку поплиток џеб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...