Скенирање мозок наместо лозинка за влез

Истражувачи од Binghamton University развиле систем кој би можел да се користи како заштита наместо внесување на лозинка или отисок на прст, а би функционирал со скенирање на мозочните бранови на корисникот.



Наречен Brainprint, овој систем за заштита користи EEG (electroencephalogram) капа и на корисникот му презентира 500 слики (по 2 секоја секунда). На нив може да има зборови, предмети, лица на познати личности, stock фотографии и сл., било што што би можело да предизвика некаков вид на емоционална реакција. Потоа, студирајќи ги мозочните реакции на овие слики, софтверот креира копии од мозочните скенови кои потоа ги користи за споредба при секое ново логирање во системот.

На овој начин системот (барем засега) е невозможно да се „хакне“. На пример, одредени слики кои се користеле во експериментот биле од суши. Луѓето на кои што им се допаѓала оваа храна имале многу различна реакција при гледањето на сликата (при што се генерирала копија од мозочните бранови), отколку оние кои што ја мразеле. Кога ќе се земе во предвид дека се прикажуваат по 500 разни слики и за секоја од нив секоја личност не реагира идентично, скоро е невозможно било кој да го прелаже системот, иако и тоа било тестирано. Една од методите која била испробана била да се пуштаат трепкачки светла со ист интензитет и фреквенција на две личности истовремено, за да се провери дали мозочните бранови ќе им бидат „синхронизирани“, но тоа не дало никаков позитивен резултат. Теоријата зад овој експеримент било да се испроба кога некој би бил приморан да го користи системот под стрес (на пример под закана со пиштол), дали активноста на мозокот и реакцијата на она што му се прикажува ќе биде доволно различна од копиите на скеновите кои системот веќе ги има, за да влезот во него му биде забранет (што се покажало како точно).



При првите тестирања на група од 32 личности, тие биле препознавани од системот во 82% до 97% случаи. По неколку нагодувања и подобрувања, последните тестови кои биле правени покажале 100% прецизност при препознавање на ликовите.

Секако, сето ова е правено во лабораториски услови со лабораториска опрема – сигурно дека во скоро време никој нема да испорачува лаптопи со EEG капи. Меѓутоа, технологијата е тука, и само е прашање на време кога ќе биде доволно рафинирана и усовршена за да може да се користи на начин како што сега ги користиме скенерите за отпечаток на прст или препознавање на лица (на лаптопи и мобилни телефони)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...