Софтвер за препознавање на анатомијата и движењата на телото

CCTV (Closed-circuit TV) камерите кои се користат за надгледување на простори и идентификување на осомничени криминалци се корисни само доколку лицето им е видливо. Затоа, чешката софтверската компанија Kinalisoft развила нов софтвер (за CCTV камерите) со повеќекратна намена.

Софтверот на Kinalisoft (развиен со помош на фондови од EU) ги анализира формите и е способен да препознава личности на база на нивната анатомија или начинот на кој што чекорат. Тоа го прави така што ја одвојува човечката силуета од позадината и потоа, базирано на анатомијата на субјектот, пресметува податоци кои го карактеризираат начинот на кој што се движи (на пример движењата на колковите и колената). Овие карактеристики се слични како отисоците на прсти – штом еднаш се земат и анализираат, доволни се за да било кога со нив повторно се идентификува личноста.



За сето ова не се потребни никакви дополнителни сензори или камери, а софтверот има само 0.8% шанса да згреши при идентификување на личноста доколку таа се движи нормално. Карактеризацијата се базира на само четири чекори, што значително го забрзува целиот процес.

Друг тим на истражувачи, пак, паралелно работат на уште еден проект финансиран од EU, наречен StillNoFace. Овој софтвер се развива со цел кога на располагање се нема видео туку само една статична слика (на која што не се гледа лицето), да направи препознавање на личноста со тоа што ќе ја идентификува тродимензионалната поза во која што таа се наоѓа. Потоа, според оваа поза, софтверот би ја изработил геометријата на целосната анатомија на личноста. Сето ова е сè уште во рана фаза на развивање, а првичната цел е препознавање дали се работи за машки или женски субјект (според геометријата на телото).

Освен за идентификување на личности кои извршиле некаков вид на криминал, ваквиот тип на софтвер би можел да се користи и во ситуации кога, на пример, се трага по изгубена личност (киднапирана или можеби со состојба како Алцхајмерова болест, која што не може да си го најде патот до дома).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...