VTOL X-Plane: Предности на хеликоптер со особини на авион

DARPA развива безпилотно летало кое ќе ги комбинира сите предности на хеликоптер, со најдобрите особини на авиони со фиксни крилја.

Програмата е наречена VTOL X-Plane и моментално се навлегува во втората фаза од дизајнот, со помош на новите технолошки и инженерски достигнувања на тимот од Aurora Flight Sciences.



Ова летало ќе ги има следниве технички карактеристики:

- способност да постигнува импресивни брзини – од 300 до 400 knots (555 до 740км/ч)

- Подигање на ефикасноста на лебдење ( Aircraft Hover Efficiency) од 60% до  75%

- Можност за носење товар тежок колку 40% од сопствената тежина (која би требало да е 4,5 – 5,5 тони.

Во поглед на дизајнот, ќе се состои од две големи задни крилја и две помали, монтирани до носот на авионот. Turboshaft моторот (истиот кој го користи V-22 Osprey леталото на Bell-Boeing) ќе го движи авионот со 3 мегавати (4000 коњски сили) електрична енергија, еквивалентна на една просечна комерцијална турбина на ветер, со помош на 24-те вентилаторски цевки ( по 9 во секое од големите крилја и по 3 во малите) кои ќе можат да ротираат (заедно со крилјата) во зависност од тоа во кој правец ќе треба авионот да се движи.



Сите овие карактеристики ќе му овозможат на VTOL X-Plane да лета со огромни брзини и да поминува големи далечини, да лебди кога тоа ќе биде потребно, и да извршува голем број на мисии со различна комплексност дури и на локации каде што нема претходно спремено реон каде што би слетувал.

Првите тест летови се очекуваат да започнат во 2018-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...