Omnifocals – леќи кои самите го прилагодуваат фокусот

Израелската компанија Deep Optics развила леќа со слој од течен кристал со чија помош самата, во реално време, го прилагодува фокусот во зависност од тоа каде гледа корисникот.



Тоа функционира така што течниот кристал го прилагодува индексот на рефракција (кој го мери капацитетот за превиткување на светлината) на леќата, и го менува фокусот на очилата во зависност од далечината на објектот во чиј правец е насочен погледот.

Сензорите вградени во очилата го следат тој правец мерејќи ја дистанцата помеѓу центрите на двете зеници и според мерењата тие се способни да ја измерат длабочината на објектот на кој што корисникот се фокусира, за потоа таа информација да ја испратат во процесорот кој одлучува какви се прилагодувања треба да се направат. На крај, процесорот испраќа електричен сигнал кон течниот кристал, со чија помош се прави потребниот фокус.

Досега оваа технологија се употребувала претежно во леќите од камерите во смартфоните, но во Deep Optics се надеваат дека со неа ќе ги револуционизираат очилата.



Ваквиот тип на леќи исто така может да го реши проблемот со дезориентирање при користење на уреди за виртуелна реалност, бидејќи ќе им овозможи на луѓето да набљудуваат 3D слики на релативно рамен екран без тоа да им предизвикува вртоглавици, гадење и сл.

Пред да започне со комерцијален развој на оваа технологија, компанијата сака прво да ги надмине сите технички предизвици и да ја усоврши леќата најмногу што може. Моментално се работи на намалување на сите електронски компоненти со цел да соберат во оквирот на сите модели на обични очила. Очекувањата се дека Omnifocals ќе бидат спремни да го освојуваат светскиот пазар за околу две години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...